Почетна / Забава / Тим-билдинг на фитнес со стил: Нова димензија на забава!

Тим-билдинг на фитнес со стил: Нова димензија на забава!

 

Уште еден успешен тим-билдинг во срцето на спортскиот и здрав начин на живот во Скопје. Онаму каде што се среќаваат фитнесот и стилот, во Синерџи, се случи уште едно дружење и заедничко вежбање на една од македонските најуспешни компании, Мајкрософт Македонија, кои одлучија своето попладне да го искористат во прилог на своето здравје, убавина и нега на телото.

 

 

Во множество од позитивна енергија, вежбање, забава и интеракција се даде една нова димензија на слободното време со колегите од работа. Наместо пиење кафе и секојдневна рутина, во Синерџи беше и повеќе од несекојдневно и интересно. Многуте справи за вежбање, големиот простор, понудата на разновидните активности и услуги беа причина плус зошто ваков тим билдинг ќе се памети и применува почесто.

 

 

Кога работата претставува задоволство, а слободно време е привилегија, тогаш идеалното место за таа синергија е токму Синерџи Фитнес и Спа, каде што здравјето е стил на живеење.

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Светскиот мјузикл од Бродвеј „Mamma Mia“ на 18 октомври во Скопје

На 18 октомври 2025 година, арената „Борис Трајковски“ ќе блесне во полн сјај, претворајќи се …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!