“Утринска на Телма” – од утро до пладне
Од понеделник, 2 мај, на Телма започнува ново утринско шоу. “Утринска на Телма” е нова емисија која ќе се емитува секој работен ден, од понеделник до петок од 8 до 12 часот. Емисијата ќе ја водат млади и свежи лица за Телма телевизија, како што се Цеце Трајковска, Марко Марк, Елена Вишка и Гоце Андреевски.

Тимот на новата утринска ветува дека секојдневно ќе се трудат да го обојат Вашиот ден во веселите бои на виножитото и на секој од Вас да му предизвикаат насмевка на лицето.

“Искрено и од срце среќни за нашиот нов старт во нашиот живот и приватно, но и професионално. Со нетрпение очекуваме да се видиме во понеделник со Вас. Ќе се потпреме на вистинскиот фундамент односно тезата дека “Секој ден треба да кажуваме нешто убаво”… И заедно ќе потврдиме дека смеењето е нашиот универзален јазик. Бидете со нас… Убаватa и среќна енергија ја носиме на самиот почеток на денот…утрото. Искрено Ваши Гоце, Цеце, Елена и Марко.”
Дани | ТВ Пакет
 ТВ Пакет Единствен телевизиски информативен портал во Македонија
ТВ Пакет Единствен телевизиски информативен портал во Македонија
				
 
		 
						
					 
						
					 
						
					 
					
				