Почетна / Серии / Навлезете во светот на Шелдон – генијалецот како дете

Навлезете во светот на Шелдон – генијалецот како дете

Серијата „Бубалици“ (The big bang theory) чија дванаесетта и последна сезона ќе има премиера на 24 септември оваа година, минатата година доби своја спин-оф серија. “Малиот Шелдон” (Young Sheldon) е серија во која главен лик е еден од бубалиците, смешниот, арогантниот и неверојатно паметниот Др. Шелдон Купер.

Во серијата е прикажан животот на Шелдон додека бил дете, сите караници со неговите брат и сестра, аферите на баба му и сите непријатности кои ги доживеал кога тргнал во средно училиште на само 9 години.

Бидејќи се покажа голем интерес за серијава, таа е обновена за втора сезона која својата премиера ќе ја има на 24 септември оваа година, веднаш по премиерата на „Бубалици“ на CBS.

 | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Најдрагата српска серија „Среќни луѓе“ повторно со вас

Кроз прозоре нашег дома, видим твог живота део склапам очи и тешим се да си …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!