Почетна / Забава / Евровизија / Видео | Шведска со „Херои“ е новиот евровизиски победник

Видео | Шведска со „Херои“ е новиот евровизиски победник

 

Шведска е победник на Евровизија 2015

 

Шведска е новиот победник на големиот музички натпревар Евровизија. Швеѓанецот Монс Зелмерлов со песната „Херои“, победи на Евросонг 2015, што се одржа во Виена, Австрија.  Второто место го освои Русија, а третото Италија.

 

 

За време на гласањето, Русија беше водечка на ранг листата, се’ до последните 10 минути кога Шведска го превзеде тронот. Шведска освои 365 поени, Русија 303, а Италија 292

Швеѓанецот успеа да триумфира со песна која наликува на познатиот хит “Lovers on the sun” на Дејвид Гета. Настапот на Шведска ја привлече европската публика и поради иновативните анимациски ефекти.

 

 

Македонија и оваа година не беше дел од големото финале. Даниел Кајмакоски не успеа да избори пласман за финале.

 

Дани | ТВ Пакет

 

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

14 земји откажаа учество на детска Евровизија, но наша МРТ потврди

МРТ меѓу првите се пријави за учество на детската Евровизија во Грузија оваа година. Ние …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!