Почетна / Забава / Евровизија / Видео | Кој ќе не претставува на Детската Евровизија во Бугарија?

Видео | Кој ќе не претставува на Детската Евровизија во Бугарија?

 

Овогодинешното издание на Детската Евровизија ќе се одржи на 20. ноември во Софија. Боите на Македонија на фестивалот ќе ги бранат слатките Ивана и Магдалена кои имаат по 13 години. Песната се вика „Плетенка“ и е дело на самите изведувачки, а во создавањето помогнаа Ристо Самар и Кристијан Габровски кои го направија и аранжманот.

 

 

На “Junior Eurovision 2015” ќе учествуваат 17 земји, а меѓу нив и Македонија која се враќа после една година пауза. Фестивалот е дел од престижната „Евровизија“ и во неговата реализација учествуваат националните јавни сервиси од земјите учеснички, МРТВ од Македонија. Фановите на фестивалот по социјалните мрежи веќе ја фаворизираат нашата песна и истата важи за еден од поголемите фаворити. 

 

 

Преслушајте ги песните на останатите земји учеснички и пресудете сами. Во прилог е видео спотот кој беше сниман на најгорната тераса на Градскиот Трговски Центар.

 

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Првата избрана песна за Евровизија 2025 е на македонски автор

Иако Македонија трета година по ред нема да учествува на Евровизија, нашите композитори пишуваат за …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!