Почетна / Забава / Видео | Еве како Македонија го значи Часот на планетата земја

Видео | Еве како Македонија го значи Часот на планетата земја

 

Глобалната организација на Часот на планетата Земја објави специјално видео во кое е објавен видео инсерт од исклучувањето на осветлувањето на Археолошкиот музеј во Скопје.

Исто така, поради успешната кампања, видео инсерти од исклучувањето во Македонија беа споделени и во друго, таканаречено „видео на моменти“ во кои освен исклучувањето на осветлувањето Археолошкиот музеј, се појавуваат и децата од интернационалната британска градинка во Македонија, дури пет пати!

Во сите видеа, Македонија се појавува под своето уставно име, Република Македонија.

 

 

– „Ова е само доказ дека Македонија вчеравечер покажа дека ја има моќта да направи промена! Во нашиот медиа центар пристигнаа над 2000 фотографии и видеа од одбележувањето на Часот на планетата Земја низ целата Република и ние сме навистина среќни што постигнавме толку голем успех! Ова немаше да биде успешно без поддршката на градот Скопје, Црвениот крст на Република Македонија, Министерството за животна средина и просторно планирање, ЕВН Македонија и Агенцијата за енергетика.“ – изјави Ѓорги Селков, главен организатор на акцијата во Македонија.

 

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

На 9 јуни во Филхармонија ќе се одржи 11-тото издание на „Виолин Фест“

Во понеделник (9 јуни), со почеток во 20 часот во Камерната сала на Филхармонија ќе …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!