Почетна / Телевизија / Вака ќе изгледа новогодишната програма на Скај Нет телевизија

Вака ќе изгледа новогодишната програма на Скај Нет телевизија

 

Многу музика со скопската Скај Нет за време на празниците

 

 

Скај Нет телевизија за време на новогодишните празници ќе понуди многу музика, многу забава, многу филмови, а на програмата редовно ќе се емитуваат и сериите “Првата дама” и “Крадец на срца”.

Во продолжение ви прикажуваме слики од специјалната новогодишна емисија на Скај нет, снимена во ресторанот “Два еленa”.

 

 

 

Дел од пејачите се и неизбежните новогодишни ТВ лица како Новица и Тања, Даниела Темелковска, Сани, Наум Петрески и многу други.

 

 

Освен специјалната прослава во ресторанот “Два Елена”, Скај Нет телевизија има снимено и неколку музички шоуа со повеќе бендови кои ќе ве забавуваат со песни од српската и македонската естрада.

 

 

Подгответе се и за оро заедно со Екстра Бенд.

 

 

Тука се и Милениум и Енерџи бенд со чии звуци ќе ја доживеете новогодишната ресторанска атмосфера преку фреквенцијата на Скај Нет.

 

 

 

Дани | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ΜΡΤ во 2024-та со најдобар финансиски резултат во последните години

Во 2024 година вкупните приходи на МРТ биле значително повисоки отколку во претходните години, согласно …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!