Почетна / Забава / Балканот се смее | Мис Македонија – Мис Коњ!

Балканот се смее | Мис Македонија – Мис Коњ!

Изборот на 20-годишната штипјанка Деспина Царева за мис на Македонија 2013 не предизвика реакции само во домашните медиуми туку и во соседна Бугарија па дури и Полска, пишува Либертас.

 

 

Изборот на 20-годишната штипјанка Деспина Царева за мис на Македонија 2013 не предизвика реакции само во домашните медиуми туку и во соседна Бугарија па дури и Полска, пишува Либертас.

 

 

Медиумите во Софија пишуваат за изборот на телевизиската водителка за Македонска убавица, ги цитираат нејзините гафови што се објавуваат во Скопје. Популарните бугарски портали Клјоки и Интересни одат подалеку и во насловите пренесуваат дека новата убавица македонските медиуми ја нарекле „Мис коњ“ заради нејзината мускулеста градба. Пишуваат и дека единствено на нејзина страна преку колумна се ставил шоу биз новинарот Зоки Фаци.

„На 17-ти овој месец во Дојран ќе се одржи финалето, јас сеуште официјално не сум новата мис, победив во полуфиналето“, вели Деспина за Либертас.

Признава дека и е криво што е цел на медиумска хајка, како што вели, но не и е јасно зошто е тоа така.За гафот како телевизиска водителка кој е актуелен на социјалните мрежи коментира дека во емисија во живо не е ни прва ни последна што направила гаф и оти за неа тоа не е ништо страшно.

 

И сега што правиме, тортички ли да ги кажеме?

 

 

 

 

| ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Екс Луна по повеќе од една деценија даде изјава за медиумите

Една од најубавите гласови во регионот, Маја Марковиќ (екс Луна) повеќе од една деценија се …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!