Незамисливо е во соседна Бугарија да начекате политички емисии или подкасти на телевизиските екрани во ударни термини. За разлика од кај нас каде истите ги пополнуваат прајмтајм термините на некои од приватните телевизии, во соседна Бугарија е сосема поинаква програмата на националните приватни телевизии.
За време на сезона на националните Нова и bTV одат лиценцирани квиз шоуа, талент шоуа и реални шоуа во вечерните термини, a во ноќните термини по 23 часот одат познати светски серии.
Па така, во моментов дури и за време на летната сезона, на националната бТВ се емитуваат нивни домашни верзии на :
– германското комично шоу на знаење „Wer weiß denn sowas?“ на Fremantle
– светското шоу “Survivor”
– квизот на знаење – “Кој сака да биде милионер”, базиран на британскиот формат “Who wants to be a Millionaire?”
A во ноќните часови премиерно одат нови сезони од американските серии Las Vegas и Death in paradise.
Слична е ситуацијата и на конкурентската Нова телевизија, каде форматите започнуваат од 17 часот и тераат цела вечер. Па така, за време на летната сезона, Нова емитува:
– своја верзија на “Deal or no deal”
– своја верзија на “Family Feud”,
… a од 20 часот следуваат филмски блокбастери и премиерни американски серии.
Политика во вечерните и ноќни часови – ни на сон. За тоа им постојат информативните изданија на вестите и утринските програми.
Дани | ТВ Пакет