Почетна / МК Сцена / Видео | Андријана Јаневска со емотивна преработка на „Каде сте Македончиња“

Видео | Андријана Јаневска со емотивна преработка на „Каде сте Македончиња“

Каде сте, Македончиња,
каде сте, кај отидовте?
Жално плаче мајка егејска,
за вас плаче Македонија.

Проектот „Македонијо, во срце те носиме“ продолжува со силен патриотски порив да ги буди сеќавањата, љубовта и достоинството на македонскиот народ, а во продолжение ви ја претставуваме најновата изведба на маестралната Андријана Јаневска на песната „Каде сте Македончиња“.

Создадена од Бранко Ѓорѓиевски, оваа песна e посветена на македонските деца кои беа протерани од своите домови за време на воените судири во Егејска Македонија по Втората светска војна.

Првпат е изведена во 1987 година на сцената на Фолк Фест Валандово од страна на Александар Сарев, а сега аранжманот го направи маестро Николче Мицевски.

„Македонијо во срце те носиме“ е проект работен под уметничката закрила на Скендеровски продукција, а од кој досега беа преработени безвременските песни: „Не кажувај либе добра ноќ” (Огнен Здравковски), „Како пиреј” (Ламбе Алабаковски), „Се собрале комитите” (Миле Кузмановски), „Како што е таа чаша” (Спасен Силјаноски) „Ја излези стара мајко”(Марија Спасовска), „По друм одам мајче“ (Мина Блажев), „Горда Македонка“ (Зуица Лазова), „Запејте сите ангели“ (Бојана Скендеровски), „Нека живеј Македонија (Сузана Спасовска) и „Мајко силна“ (Александар Тарабунов).

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Анета Љумаковска ја „тресе“ сцената со новиот летен хит „100 по Рихтер“

На големиот македонски празник Илинден, популарната фолк ѕвезда Анета Љумаковска го претстави својот најнов видеоспот …

error: Содржината е заштитена!