Аница Рељиќ, поранешна полициска инспекторка која сега работи во кол-центар, добива повик од Соња Тошиќ, богата самохрана мајка која сака да го дознае идентитетот на лицето кое ѝ се заканува преку телефон.

Додека Аница ги истражува заканувачките повици, таа сфаќа дека тие се поврзани со криминална група со која работела додека работела во полицијата. Аница се обидува да ја предупреди Соња, но Соња исчезнува. Затоа поранешната инспекторка Аница и бунтовната ќерка на Соња, Тијана, тргнуваат во потрага.

Наскоро откриваат дека Соња може да биде клучот за откривање на вистината зад еден еколошки скандал што ја тресе земјата – мистериозното труење на три момчиња.

Мирјана Јоковиќ и Даница Недељковиќ секоја сабота во 20.25 часот на првиот канал на МРТ, српската серија – Повик.
Дани | ТВ Пакет
ТВ Пакет Единствен телевизиски информативен портал во Македонија
