Почетна / МК Сцена / Симона Поповска со емотивна експлозија на 40-тото издание на „Макфест“

Симона Поповска со емотивна експлозија на 40-тото издание на „Макфест“

На јубилејното 40-то издание на фестивалот „Макфест“, Симона Поповска ја донесе една од најемотивните изведби на вечерта со песната „Не ми доаѓаш“, чиј комплетен автор е Зоран Алексиќ.

Симона уште еднаш потврди дека е артист што ја руши границата меѓу музиката и уметноста.

„Не ми доаѓаш“ претставува природно продолжение на нејзиниот уметнички циклус во кој се вбројуваат „Бакни ме за крај“, „Без тебе“, „Ловец и плен“ и „Бели ноќи“.

Преку секоја песна, Поповска ја отвора следната врата на емоционалната трансформација.

„Секоја моја песна е дел од истиот процес,“- вели Симона.

„Не ми доаѓаш“ е кулминацијата на таа приказна моментот кога жената престанува да бара љубов и почнува да ја разбира.

На сцената таа блесна во креација на нашиот а светски ЈЗЈ – Златко Јовановски, која одлично се вклопи со сценскиот видео приказ, а публиката во Домот на културата во Штип ја награди со долготраен аплауз.

Со овој настап, Симона Поповска уште еднаш потврди дека е артистна на македонската сцена што не трча по трендови, туку гради сопствен свет каде музиката, симболиката и чувството стануваат едно.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Спасен Силјановски: Доаѓањето на Касандра e почеток на крајот

Фолк пејачот Спасен Силјановски повторно предизвика полемика на социјалните мрежи по објавата на неговиот нов …

error: Содржината е заштитена!