Почетна / Живот / „СајберШтит“, поткаст за сајбер безбедноста и дигиталната писменост

„СајберШтит“, поткаст за сајбер безбедноста и дигиталната писменост

„СајберШтит“ е нов подкаст кој третира актуелни теми од областа на сајбер безбедноста, дигиталната писменост и општествената инклузија.

Поткастот е дел од проектот „СајберШтит: Омоќени граѓани за сајбер отпорност“ што го спроведува Фондација Метаморфозис. Целта на проектот е да се стави акцент на значењето на редовна сајбер хигиена и ефикасно справување со сајбер закани како што се фишинг, социјално инжинерство, малициозен софтвер, кражба на лични податоци и други. Преку заеднички напори, проектот тежнее да осигури дека овие теми добиваат соодветно внимание, ресурси и одговори на предизвиците што ги носи дигиталната ера.

Во фокусот се инспиративни разговори со експерти и активисти, со практични совети за јавноста, особено за младите, родителите, жените и ранливите групи. Содржината е едукативна и лесна за следење.

Досега се објавени два поткасти, а до септември 2025 година, ќе бидат објавени уште два. Истовремено, Фондација Метаморфозис објави и два туторијали за подобрена сајбер безбедност.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Гевгелија одбележува 80 години од озаконувањето на македонскиот правопис

ЈОУ Библиотека „Гоце Делчев“- Гевгелија ги поканува сите љубители на македонскиот јазик, културата и историјата …

error: Содржината е заштитена!