Од 15 септември (понеделник) започна новата телевизиска сезона на Телма телевизија.

Стандардните емисии во стандардни термини, а вечерните часови се пополнети со серии од европска и американска продукција.

Но, терминот од 13.45 часот остана празен. Добропознатиот и омилен термин на телевизиската публика на Телма не изненади со нова серија.

Ако до лани, гледачите со огромно задоволство следеа латиноамерикански теленовели во часовите пред ручек, сега ситуацијата е поинаква.

Наместо премиерна серија, Телма емитува репризи. До кога ќе се емитуваат репризи во тој термин и кога гледачите на мелодраматичните содржини ќе имаат можност да проследат нешто премиерно на телевизија Телма?
Дани | ТВ Пакет
 ТВ Пакет Единствен телевизиски информативен портал во Македонија
ТВ Пакет Единствен телевизиски информативен портал во Македонија
				
 
		 
						
					 
						
					 
						
					 
					
				