Почетна / Серии / Остануваме будни со провокативната американска серија „Љубовнички“

Остануваме будни со провокативната американска серија „Љубовнички“

Четири жени пријателки со нивните животи, исполнети со скандали и авантури. Пресврти кои ќе ги сменат нивните судбини засекогаш. Љубовничките доаѓаат секоја ноќ точно на полноќ во добропознатиот термин за американски серии.

Адреналинот и возбудата од полициските серии сега ќе го замените со шок и романси од новата лајт драма. Сави, Џос, Карен и Еприл се четирите жени чии возбудливи приказни ќе ве држат будни секоја вечер.

Во улогата на Сави, девојката која ќе го изневери сопругот, ја гледаме Алиша Милано, позната како Фиби од хитот “Волшебнички”.

Освен неа, тука е и ѕвездата од “Изгубени” во улога на докторката Карен, терапевтка која влегува во една комплицирана врска со својот пациент, а по неговата смрт, наидува на големи препирки од неговото семејство.

Покрај Сави и Карен, се дружиме и со либералната сестра на Сави, Џос и со самохраната мајка Еприл која допрва ќе ги открие тајните за наводната смрт на сопругот.

Снимена е во вкупно 52 продолженија од 2013та до 2016та година.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

РТС и оваа сезона инвестира во неколку нови српски серии

Почнувајќи од 15 септември, секој ден српските гледачи ќе гледаат нови домашни серии на РТС. …

error: Содржината е заштитена!