Почетна / Телевизија / ТВ Емисии / „Музичка фабрика“ – ТВ и дигитален формат за нови детски таленти

„Музичка фабрика“ – ТВ и дигитален формат за нови детски таленти

„Музичка фабрика“ е прв национален културно-образовен музички проект за деца, кој создава авторски песни и открива млади таленти од целата држава. „Музичка фабрика” се реализира како телевизиски и дигитален формат, со што детската музика добива современ медиумски простор и поширока видливост.

Фокусот на „Музичка фабрика” не е натпреварувањето, туку процесот на учење, создавање и личен развој. Од првите аудиции, преку креативниот процес и работата со професионалци, па сè до студиска продукција и јавна промоција, проектот има за цел да им овозможи на децата целосно музичко искуство.

Во рамки на проектот, избраните учесници поминуваат низ целосен креативен процес – од првичната идеја, преку студиска работа и подготовка, до изведба на оригинални композиции. Кулминација на секој проектен циклус е голем ревијален музички настан, реализиран во соработка со национални културни институции и медиуми.

Гледајте го шоуто „Музичка фабрика“ во понеделник, среда и петок од 19:00 часот на МРТ 1.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Концертите на К-15 и Бијело Дугме за новогодшната ноќ на Канал 5

Новогодишната вечер на Канал 5 телевизија доживејте ја со музиката на познатото хумористично трио К15 …

error: Содржината е заштитена!