Почетна / Телевизија / ТВ Емисии / „Милионер“ и „Големиот брат“ за саботна забава на бугарските ТВ

„Милионер“ и „Големиот брат“ за саботна забава на бугарските ТВ

За разлика од македонските телевизии, бугарските емитуваат сопствена домашна програма во сабота во прајмтајм, правена по терк на сите европски и светски телевизии.

Па така, на најгледаните комерцијални телевизии бТВ и Нова, сабота навечер е време за жестока конкурентска борба.

Сабота во ударен термин на бТВ се емитуваат специјални изданија на светскиот квиз на знаење во домашна адаптација – Милионер, а од 21 часот па натака, следуваат премиерни блокбастери.

На Нова, пак, Бугарите гледаат ексклузивни формати во домашна продукција и тоа нивна верзија на колумбиското шоу Desafío и нивна верзија на реалното шоу Big brother.

И да посакаме, не можеме да направиме споредба со македонските телевизии, од кои добар дел во сабота навечер се одлучуваат за репризи од турски сапуници и српската емисија Стројник.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Сабота навечер на српските тв е борба меѓу шоу формати

Од минатата недела, на српските телевизии е вистинска гладијаторска борба меѓу најголемите српски телевизии. Имено, …

error: Содржината е заштитена!