Последни мигови со вашите Фераје и Јаман. Додека Фераје се обидува да се одржи во живот, Јаман е во опасност да ја изгуби љубовта на својот живот. За Јаман, животот се чини дека застанал. И деловниот и семејниот живот се во целосен ќорсокак.
Дали Фераје, која ги отвори очите откако со месеци лежеше во несвест во болница, ќе биде иста како порано? Како што се приближува крајот на приказната, време е сите да ја платат цената.
Џемиле, лицето што ја започна оваа војна, ќе ја добие својата казна. Никој нема да најде мир без страдање. Дали конечно Фераје и Јаман, кои платија голема цена за да бидат среќни, ќе бидат заедно и кое изненадување следува за нив на самиот крај?
Од понеделник до петок, последни епизоди од Сафир, а веќе од следната седмица во истиот термин следува “Љубов и грев”, нова драма за сите љубители на семејните класики.
Дани | ТВ Пакет