Согласно со Изборниот законик, Првиот програмски сервис на Македонската радио телевизија има обврска да обезбеди бесплатно политичко претставување за кандидатите за градоначалници на локалните избори 2025.
МРТ ги повикува сите кандидати за градоначалници кои влегоа во вториот круг на локалните избори, да го искористат своето право на БЕСПЛАТНО ПОЛИТИЧКО ПРЕТСТАВУВАЊЕ на своите изборни програми на Првиот програмски сервис. Снимањето на бесплатното политичко претставување ќе се одвива во периодот:
Од 27 октомври до 31 октомври 2025 (секој работен ден) од 13.30 до 15.30 часот во студијата на Македонската телевизија.

МРТ ги известува кандидатите за градоначалници дека правото за бесплатното политичко претставување треба да го искористат за афирмација на својата изборна програма, со нагласување дека секоја дискриминација, навреда, клевета и омаловажување кон другите политички субјекти во презентациите нема да бидат земени предвид за емитување.
Снимениот материјал ќе се емитува во периодот од 27 октомври до 31 октомври 2025 година од 16.00-23.00 часот. Закажувањето на снимањата на претставниците на политичките коалициии и партиите се најавуваат на следниот телефонски број: 071 350 848.
Дани | ТВ Пакет
ТВ Пакет Единствен телевизиски информативен портал во Македонија
