Почетна / Забава / „Фрајле” одбележаа 15 години јубилеј: Нашите песни се за сечие време

„Фрајле” одбележаа 15 години јубилеј: Нашите песни се за сечие време

15 години поминаа за миг кога станува збор за Наташа Михајловиќ, Јелена и Невена Буча, како и за верната публика на женското трио „Фрајле”. 15 години постоење и јубилеј кој го одбележаа со нов албум кој го носи насловот „Дневник душе”.

„Дневник душе” дојде како круна на нашата досегашна кариера и музичко искуство, а песната „Пријател” како драгоцен камен на таа круна. – кажа женското трио „Фрајле” за новата песна од албумот, на која како гостин се појавува и нашиот Влатко Лозаноски, заедно со хрватската пејачка Сања Долежал од групата „Нови Фосили” и црногорскиот кантавтор Сергеј Ќетковиќ. Во песната „Пријател” пеат и младите пејачи Ади Шоше од Босна и Херцеговина и Лука Баси од Словенија.

„Да се работи со уметници како Сергеј, Ади, Лозано, Лука е универзален јазик на музиката кој како Фрајле го негуваме последните 15 години. Овој јубилеј сакаме да го споделиме со нашата верна публика, но и да одиме чекор понатаму, со нашите драги колеги. Траењето значи квалитет. Нам музиката ни даде се. И љубов и одобрување и публика, а ние се одѕиваме преку новите песни и уште подобрите настапи во текот на овие години, на турнеите кои се исполнети до последното место. Најголем комплимент кој музичарот може да го добие е љубовта од публиката”, велат девојките од „Фрајле”.

Освен одбележување на овој 15 годишен јубилеј и промоција на новиот албум, „Фрајле” ја најавија и својата регионална турнеја, а Македонија ќе биде дел од истата.

На 13-ти март „Фрајле” имаат концерт Битола, 15-ти и 16-ти март во Скопје, а на 17-ти во Струмица.

Доколку се уште не сте си обезбедиле влезница, истото можете да го направите преку продажната мрежа на www.kupikarta.com Розе Веро 2, како и ЈК травел во Бисер.

Во продолжение слушнете ја песната „Пријател”:

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Екс Луна по повеќе од една деценија даде изјава за медиумите

Една од најубавите гласови во регионот, Маја Марковиќ (екс Луна) повеќе од една деценија се …

error: Содржината е заштитена!