Неполн месец по победата на JJ со Waisted love, Австрија по трет пат ќе биде домаќин на Евровизија 2026 во градот кој ова лето ќе биде одбран од страна на ORF и EBU.
Но, скоро една година пред одржувањето на првото полуфинале, вкупно 15 земји веќе го потврдија своето учество. Освен домаќинот Австрија, учество први најавија Холандија, пред одржувањето на годинешната Евровизија. Данска, Финска, Луксембург, Германија, Швајцарија, Шпанија, Шведска, Малта, Австралија и Велика Британија го најавија своето учество за наредната година.
Од соседните земји тоа први го направија Србија, Грција, Албанија како и Црна Гора која направи пауза во исто време со Македонија, но оваа година се вратија во Швајцарија со Нина Жижиќ. Дури и Босна и Херцеговина изјавија ако го платат долгот кон ЕБУ, тогаш главната пречка за неучество ќе биде тргната и тие би се вратиле на Евровизија. Косово повторно побара прием за учество на Евровизија. Останува нејасна позицијата на МРТ за Евровизија кои немаат никаква најава за враќање ниту истакнале дека Македонија не планира враќање во догледно време на оваа престижно натпреварување кое оваа година го следеа 166 милиони гледачи или 47,7% шер што е најголема гледаност на Евровизија по таа од 2004 година.
За разлика од лани во Малме, годинава гледаноста се качила за 3 милиони гледачи што се фантастични бројки за овој фестивал. Гледаноста е само од земјите учеснички вкупно 37 земји и не се дадени бројките во другите земји каде е емитуван фестивалот како: САД, Канада, Романија, Словачка, Мексико, Турција, Унгарија, Косово, Обединетите Арапски Емирати, Јужна Африка и Македонија.
Дани | ТВ Пакет