Почетна / Забава / Евровизија / Црна Гора ги објави песните кои ќе се борат за Евровизија 2026

Црна Гора ги објави песните кои ќе се борат за Евровизија 2026

Додека МРТ се уште не донела конечна одлука за учество на Македонија на јубилејното 70-то издание на Евровизија 2026 во Виена, националниот радиодифузер на Црна Гора РТЦГ, веќе ги објави песните и изведувачите за црногорскиот национален избор Монтесонг 2025.

37 песни кои ги исполниле сите критериуми избрани се 15 учесници за националниот избор. Од изведувачите, со своја песна ќе настапи и претставничката од 2009 година за Црна Гора, Андреа Демировиќ, третопласираните Baryak од минатогодишниот национален избор и миленикот на публиката Dolce Hera.

Песните ќе бидат претставени на почетокот од декември, а странските обожаватели ќе можат да гласаат за време на финалето.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Црна Гора: Ако не одиме на Евровизија, значи не сме способни ни за ЕУ

На седница на Советот на црногорскиот јавен сервис РТЦГ се расправало за начинот на избор …

error: Содржината е заштитена!