Сите балкански земји ќе учествуваат на 70-тото јубилјено издание на Евровизија во Виена во 2026 година. ЕБУ, организаторот на ова музичко натпреварување, дал многу поволности за сите држави членки, па затоа оваа година три земји се враќаат на Евровизија како Романија, Молдавија и Бугарија.

Но, според 15-тата седница на Програмскиот Совет на МРТ одржана на 27.10.2025, МРТ во 2026 година повторно нема да учествува, иако интересот на јавноста бил голем од прашањата кои ги добила за Програмата за 2026 година.

Во извештајот се вели: “Во однос на Евровизија, беше истакнато дека по спроведени детални анализи и разгледување на сите елевантни околности, Програмскиот совет го зема предвид целокупниот контекст со цел да донесе најсоодветно и одговорно решение. Ставот на Советот е Македонија оваа година да не учествува, со цел да се овозможи подготовка на сеопфатна стратегија за учество во 2027 година. Советот оцени дека Евровизија претставува добра можност за претставување и промоција на земјата, нејзината култура, музичка продукција и изведувачи, но за да се постигне тоа на вистински начин, потребна е јасна стратегија, детална подготовка и соодветна продукциска и финансиска поддршка.”

МРТ и понатаму ќе учествува на јуниорската Евровизија и оваа и наредната година. По оваа вест, многу љубители од Европа разочарано реагираа за Македонија бидејќи сметале дека оваа шанса да се појават на јубилејот била одлична можност за враќање на државата на овој натпревар и не веруваат дека Македонија воопшто ќе се врати на Евровизија и во 2027 година.

Од друга страна пак бугарските обожаватели со исмејување гледаат на ова бидејќи нивната држава се врати иако многу пократко е присутна од Македонија и дури реагираат со погрдни зборови дека нема потреба да се враќа Македонија на Евровизија бидејќи веќе преку “истиот јазик” кој го говориме, Бугарија ќе не претставувала во нивно име и дека Евровизија и Олимписките игри, Македонците ќе ги гледаат од удобноста на нивната дневна соба.

Останува се уште нејасно зошто и покрај поволните услови Македонија нема да биде дел од големото европско семејство и дали за 2027 година, МРТ веќе размислува во позитивна насока или ќе остане само на желбата за учество.
Дани | ТВ Пакет
ТВ Пакет Единствен телевизиски информативен портал во Македонија
