Почетна / Телевизија / ТВ Емисии / „Цеца Шоу“ со познатата фолк дива и нејзините гости од сега на Алфа

„Цеца Шоу“ со познатата фолк дива и нејзините гости од сега на Алфа

„Цеца Шоу“ е ток-шоу кое носи посебна доза на гламур, емоции и искрени разговори. Светлана Цеца Ражнатовиќ, најголемата музичка ѕвезда на нашите простори, ги отвора вратите на својот свет и споделува моменти исполнети со музика, смеа и инспиративни приказни со публиката.

Цеца ќе носи познати личности од светот на музиката, уметноста и јавниот живот како гости, отворајќи теми што ги откриваат нивните скриени страни, емоции и спомени.

Секоја емисија е збогатена со незаборавни хитови што ги изведуваат Цеца и нејзините гости, претворајќи го разговорот во вистински мини концерт.

Освен музика и разговори во студио, шоуто изобилува и со неочекувани изненадувања, со спонтани игри, задачи и хумор, каде гостите се ослободуваат, а публиката ги запознава на сосема поинаков начин.

Гости кои со музика, смеа и лични исповеди ќе ја претворат секоја емисија во незаборавно искуство на Алфа телевизија, секоја недела попладне во 18.15 часот.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Музичка фабрика“ – ТВ и дигитален формат за нови детски таленти

„Музичка фабрика“ е прв национален културно-образовен музички проект за деца, кој создава авторски песни и …

error: Содржината е заштитена!