Почетна / Спорт / Бран на македонски спортски новинари одат во Арена Спорт?

Бран на македонски спортски новинари одат во Арена Спорт?

По речиси 20 години во јавниот радиодифузен сервис, еден од најдобрите спортски коментатори во Македонија заминува од телевизијата. За потсетување, Стојановски пред МРТ, долги години беше дел од А1 телевизија.

„Денеска го одработев последниот пренос за МРТ. По повеќе од 13 години во телевизијата, а вкупно речиси 20 во јавниот сервис сметајќи го и времето во Македонското радио, дојде време за разделба.
Заминувам со многу спомени и со мноштво професионални задоволства. За знаењето ќе ценат други.

Ваквите одлуки не се лесни, но со оглед на околностите, по 28 години со новинарско-коментаторска кариера, ова е најдобро!
Новата страница е сè уште празна, мое (наше) е да ја испишеме брзо и на убав начин.
Да сме живи и здрави!
Да живее Македонија!“, порача Стојановски на ФБ.

Како што пишуваат локалните медиуми, новинарот ќе биде менаџер во регионалната македонска редакција на Арена Спорт, каде трансферираат и поголем дел од новинарите од Спортската редакција на МРТ.

Коментарите на спортските настани на Арена Спорт ќе ги слушаме на македонски јазик веќе од следниот месец кога е најавена оваа промена.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Тениското првенство Ролан Гарос 2025 ексклузивно на Еуроспорт

Викендов започнува најновото издание на “French Open” попознато во тенисот како Ролан Гарос, кое што …

error: Содржината е заштитена!