Почетна / Забава / 5,3 милиони евра за аква паркот во Скопје

5,3 милиони евра за аква паркот во Скопје

 

Скопје секој ден станува се поатрактивно место за живеење, а со овој проект главниот град на Македонија ќе добие и нов забавен центар. Имено, се работи за долгонајавуваниот аква парк кај Спортскиот центар „Борис Трајковски“. Местото одамна е ветено за аква парк, но сега знаеме и точно кога ќе биде изграден.

За изградбата на проектот задолжени се две македонски и една турска компанија. На последниот тендер одбрани беа фирмите „Жикол“ и „Електро Унион“ од Скопје и турската „Полин“. Компаниите за 5,3 милиони евра треба да изградат воден парк што ќе претставува нова атракција во главниот град, во Македонија, но и во регионот. Изградбата на паркот треба да биде завршена кон почетокот на 2013. година.

 

 

Водениот парк ќе се гради на површина од 12.000 метри квадратни и ќе се состои од базен со бранови, 10 тобогани меѓу кои ќе има „вселенска топка“, „бумеранг“ и „мулти слајд“, мрзлива река, детски свет „пиратите на Карибите“, ресторан и многу други рекреативни содржини за посетителите. За следната недела е најавена прес конференција на која ќе биде претставен проектот.

 

 

 

 

Крис Манев | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Светскиот мјузикл од Бродвеј „Mamma Mia“ на 18 октомври во Скопје

На 18 октомври 2025 година, арената „Борис Трајковски“ ќе блесне во полн сјај, претворајќи се …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!