Турскиот актер Арас Булут, познат како Мете од хит серијата „Бурни времиња“, сега е дел од богатата актерска екипа на „Величествениот“. Серијата која од година во година станува се погледана во земјите на Балканот и пошироко, влегува во својата четврта сезона.
Третата сезона заврши скандалозно со менување на актерката која го толкуваше ликот на Хурем. Сеуште е неизвесно дали старата Хурем, односно Мерием, повторно ќе се појави на сетот или новата сезона ќе ја гледаме со новата Хурем. Арас Булут ја доби улогата на принцот Бајазит.

| ТВ Пакет
 ТВ Пакет Единствен телевизиски информативен портал во Македонија
ТВ Пакет Единствен телевизиски информативен портал во Македонија
				
 
		 
						
					 
						
					 
						
					 
					
				