Почетна / Телевизија / Македонската телевизија започнува со снимање на детска играна серија

Македонската телевизија започнува со снимање на детска играна серија

 

Аудиција за новата македонска серија за деца во МТВ

 

 

Во наредниот период, Македонската телевизија ќе снима детска играна серија. Снимањата на серијата со наслов “Вистински приказни” започнуваат наскоро, а подготовките се во тек. Креативниот Центар Тинтири–Минтири во соработка со „Аурипигмент продукција“ организира аудиција за деца на возраст од 6 до 14 години, заради потребите на снимањето на серијата за деца. Заинтересираните можат да дојдат на аудицијата која ќе се одржи на 22 февруари (недела) во просториите на МТВ во 12.00 часот.

За да се претстават, децата треба да имаат подготвено една стихотворба и нешто по сопствен избор.

 

Заинтересираните можат да се пријават на аудицијата и да добијат професионално насочување, детектирање на талентот и насоки за понатмошно негување и развивање на истиот.

 

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Прекршочни и за ТВ 21 и ТВ Шутел поради прекршување на изборниот молк

Врз основа на извештаи од извршен мониторинг над изборното медиумско претставување, Советот на Агенцијата на …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!