Почетна / Серии / Како изгледа денес Пипи Долгиот Чорап

Како изгледа денес Пипи Долгиот Чорап

 

 

Пипи Долгиот Чорап е лик кој на сите ни буди прекрасни спомени од детството. Базирана на истоимената книга за деца на Астрид Линдгрен, оваа телевизиска серија снимена во далечната 1969. година претставува еден од најпродаваните шведски телевизиски проекти на сите времиња.

 

 

Серијата содржи 13 епизоди, а премиерата беше емитувана на 8. февруари на тогашниот шведски телевизиски канал SVT. Авантуристичката приказна беше предводена од ексцентричното и храбро црвенокосо девојче Пипи, и нејзините пријатели Аника и Томи.

 

 

Актерката што ја толкуваше главната улога, односно улогата на Пипи Долгиот Чорап, денес има 53 години. Нејзиното име е Ингер Нилсон, родена е на 4. мај во 1959. година, а само 10 години подоцна Нилсон веќе станува планетарно популарна млада актерка благодарение на Пипи. Во прилог се фотографии од актерите Ингер Нилсон (Пипи), Марија Персон (Аника) и Пар Сундберг (Томи) на денешна возраст.

 

 

 

 

 

 

 

Крис Манев | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Најдрагата српска серија „Среќни луѓе“ повторно со вас

Кроз прозоре нашег дома, видим твог живота део склапам очи и тешим се да си …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!