По успехот на новата верзија на “Алиса во земјата на чудата”, продукцијата Дизни и сценаристката Линда Вулвертон одлучија за филмското платно да ја прилагодат и приказната за злобната кралица од анимираната класика “Заспаната убавица” (1959). Улогата на злобната кралица ја доби Анџелина Џоли.

“Не сум против принцезата, но ова е првпат некој да размислува конкретно за таа страшна жена. Се надевам дека на крајот ќе се види на што се е подготвена. Иако е злобна и агресивна, сметам дека во дното на нејзината душа сепак се крие некаква топлина”, изјави Анџелина Џоли. Актерката истакна и дека целото нејзино семејство се радува за оваа нејзина улога.
“Снимањето започнува во јуни, а сценариото е одлично. Веќе бев и на пробата за костимите. Децата се особено среќни, тие ги обожаваат сите приказни од продукцијата на Дизни”, додаде таа.

Ivana T. | ТВ Пакет
 ТВ Пакет Единствен телевизиски информативен портал во Македонија
ТВ Пакет Единствен телевизиски информативен портал во Македонија
				
 
		 
						
					 
						
					 
						
					 
					
				