Големината на талентот на младиот уметник Александар Поповски нема граници, тоа го докажа и неговиот последен цртеж на кој е насликана Бијонсе. Цртежот е идентична копија на веќе постоечка фотографија од пејачката, на кој би позавидел и самиот фотограф.

Александар е познат по тоа што слика портрети на познати музичари, еден од нив е и покојниот Тоше Проески. Во прилог е споредбата на двете фотографии, рачно нацртаната и дигиталната верзија.

Александар Поповски

 ТВ Пакет Единствен телевизиски информативен портал во Македонија
ТВ Пакет Единствен телевизиски информативен портал во Македонија
				
 
		 
						
					 
						
					 
						
					 
					
				