Почетна / Телевизија / ТВ Емисии / Снеже Велков се враќа на Телма со втората сезона од „Нешто конкретно“

Снеже Велков се враќа на Телма со втората сезона од „Нешто конкретно“

Со почеток на новата телевизиска сезона, пристигна и втора сезона од ТВ емисијата “Нешто конкретно” во нов амбиент, но секако со истиот домаќин – беспрекорната Снеже Велков и нејзините провокативни прашања од кои ќе бара само конкретен одговор.

Концептот останува ист, свежо подготвените сценарија се во рацете на Снеже, а мразот оваа сезона ќе го скршат Силви Бенд, актерот Гораст Цветковски, пејачката Андријана Петрушовска и Ирена Јакимова – тренет и ментор.

Искри летаат меѓу гостите поради различните мислења уште во првата емисија. Војна од спротивставени мислења на темата кој треба повеќе да допринесува во домот, мажот или жената, а главни борци Гораст и Силви!

Гледаме “Нешто конкретно” секоја недела во 17.30 часот на најдобрата Телма телевизија.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кумба: „Не можам да најдам алишта, не ме фрустрира тежината, туку понудата”

„Нешто конкретно” оваа недела со тема – комплекси. Како се излегува на крај со искомплексираните …

error: Содржината е заштитена!