Почетна / Филм / Саботна вечер на МРТ 1 со биографската драма за „Џеки Кенеди“

Саботна вечер на МРТ 1 со биографската драма за „Џеки Кенеди“

Филмот ја следи Џеки Кенеди (Натали Портман) во деновите кога таа била прва дама на САД и нејзиниот живот по атентатот извршен над нејзиниот сопруг, претседателот Џон Ф. Кенеди, во 1963 година. Позната по своето исклучително достоинство и спокојство, Џеки Кенеди се бори со болката и траумата да ја поврати својата вера, утеши своите деца, и да го дефинира историското наследство на нејзиниот сопруг.

Џеки премиерно бил прикажан на Венецијанскиот филмски фестивал, каде бил во конкуренција за наградата Златен лав, додека пак во САД бил издаден на 2 декември 2016 година од дистрибутерот Fox Searchlight Pictures. Филмот се здобил со универзално критичко признание и добил номинации за три Оскари на 89. доделување на наградите, и тоа во категориите најдобра глумица (Портман), најдобра оригинална музика и најдобра костимографија.

Сабота, 14 октомври, 21.10 часот, премиерно на првиот канал на Македонската телевизија.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Дизни и Стивен Спилберг во премиерниот семеен филм на МРТ 1

Дизни и Стивен Спилберг ги здружиле силите за на големиот екран да ја пренесат приказната …

error: Содржината е заштитена!