Почетна / Серии / МТВ 1 продолжува со репризи, на ред е воена драма

МТВ 1 продолжува со репризи, на ред е воена драма

Kampen om tungtvannet” повторно на Прва

Уште една скандинавска серија репризно на МТВ 1, работена во продукција мна Норвешка, Велика Британија и Германија. Репризите на “Саботери” ќе се емитуваат во прајмтајм, од понеделник до петок во 21.45 часот.

Мини серија за едно од најдраматичното, но и најмалку познато поглавје од Втората светска војна – обидот на нацистичка Германија да направи нуклеарна бомба. Серијата зборува и за германските научници кои користеле уреди за производство на тешка вода во Норвешка за добивање ураниум, главна компонента за производство на атомска бомба, како и за плановите за саботажа на тие уреди. По неколку дена марширање низ длабок снег, шестмина норвешки командоси конечно пристигнуваат на една планинска висорамнина над норвешкото гратче Рјукан.

Таму се среќаваат со уште четворица војници кои учествувале во претходни неуспешни обиди за саботирање на централата. Во прашање е многу тешка задача, но влогот е преголем – да се спречи Хитлер да направи атомска бомба.

Главните улоги во оваа историско воена драма ги толкуваат Еспен Клоуман Хејнер, Кристоф Бах, Ана Фрил, Пип Торенс, Денис Сторхеј

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Премиерни епизоди од ситкомот „Мамини синови“ на ТВ 24

Српската верзија на “Mother and son” на телевизија 24, со нови и досега неприкажани епизоди …