Почетна / Серии / Од четврток на Телма, француска серија за исчезнување на едно девојче

Од четврток на Телма, француска серија за исчезнување на едно девојче

Исчезнувањето на 16-годишното девојче ќе посее хаос во заедницата на малиот туристички град сместен на работ на езерото. Ова мало место го трпи целиот товар од гласини и клевети кои ќе ги извалкаат неговите жители и ќе откријат тајни зад секоја фасада, водејќи ги иследниците кон лажни траги.

Лиз Стокер, млада париска криминалистичка инспекторка, доаѓа во посета на нејзината мајка, која боледува од Алцхајмерова болест. Таа ќе се вклучи во оваа афера повеќе отколку што ѝ е потребно. Настаните ќе ѝ откријат една скриена страна на историјата од времето на нејзината адолесценција.

Oд четврток, 7 декември во 20.20 часот на Телма – француската мистериозна драма “Тајната на езерото”.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Историската трилер серија „Вашингтонски шпиони“ на Телма во 22:15 часот

Врз основа на вистински настани, серијата ја раскажува приказната за раѓањето на модерната шпионажа за …

error: Содржината е заштитена!