Почетна / Серии / „Табу“, мрачната серија на BBC, секоја недела на Телма

„Табу“, мрачната серија на BBC, секоја недела на Телма

Дејството на мрачната, надреална мини серија „Табу“ се одвива во 1814 г. и ни ги прикажува авантурите на Џејмс Кезија Делани (Том Харди) кој се враќа во Лондон од Африка. Тој е човек кој одел во најдалечните места на земјата и се вратил неповратно изменет.  За него се мислело дека е одамна мртов, но се вратил дома во Лондон од Африка за да го наследи тоа што останало од бродската империја на татко му и повторно да си го изгради животот. Неговото ненадејно појавување, токму на погребот на татко си, ќе предизвика лавина од настани што ретко кој би можел да ги предвиди.

Но, наследството на татко му носи проблеми, а непријателите го демнат на секој чекор, па Џејмс мора да се бори за да ја избегне смртта. Опкружена со завери, убиства и предавства, една мрачна семејна мистерија се развива во приказна за љубовта и предавството.

Џејмс е енигма што морате да бидете трпеливи доколку сакате да ја откриете, бидејќи секоја епизода открива само мал дел од неговата комплицирана личност. Токму затоа и првите епизоди покренуваат повеќе прашања отколку одговори, но доколку издржите до подоцнежните епизоди, нема да бидете ни најмалку разочарани.

Извршни продуценти се Ридли Скот, Стивен Најт и Том Харди. Серијата е создадена од Стивен Најт со Том Харди и Чипс Харди.
Серијата ќе ја следите секоја недела во 20 часот ексклузивно на Телма телевизија. Првата епизода следува оваа недела (4 ноември), веднаш по “Код”.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Американската хорор серија „Сибир“ од сабота на МТМ

Секоја сабота во 22.40 часот на Прва скопска МТМ телевизија ќе се емитува американската серија …