Почетна / Серии / „Бонанца“ повторно на МТМ – репризи на прикажаните епизоди

„Бонанца“ повторно на МТМ – репризи на прикажаните епизоди

По завршетокот на триесетина епизоди од првите две сезони, Прва Скопска МТМ телевизија започна со реприза на серијата “Бонанца” секоја среда, четврток и петок во 21.30 часот. Серијата има вкупно 430 епизоди, а на Алфа беа емиитувани околу 80 продолженија пред шест години. “Бонанца” е снимана од 1959 до 1973 година.

Оваа вестерн класика ни ја прикажува приказната за Бен Картрајт и неговите синови кои одбраната на својот ранч “Пондероса” во Невада, ќе ја претворат во борба за целата заедница. Патријархот на фамилијата е трострук вдовец кој секој од синовите го добил од различна жена. Најстариот син е цивилизираниот архитект Адам, средниот е Ерик, а најмалиот Џо е воедно и најтемпераментен. Покрај нив, дел од семејството е и кинескиот слуга Хип Сонг.

Главните улоги ги толкуваат Lorne Greene, Pernell Roberts, Dan Blocker, Michael Landon, Victor Sen Yung и David Canary.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МТВ по четвртти пат со реприза на серијата „Џек Тејлор“

На местото на репризата на “Арн Дал”,  МТВ 1 в0 вечерните часови започнува со реприза …