Почетна / Сапуници / Алфа ќе емитува позната турска серија од Канал 5, под друго име

Алфа ќе емитува позната турска серија од Канал 5, под друго име

Наскоро на телевизија Алфа започнува со прикажување турската теленовела “Девојчето невеста”, веќе емитувана на Канал 5 телевизија под името “Неправда”. Ова не е прва серија која Алфа ја емитува, а веќе се има прикажано на други телевизии. Па така, во моментов се емитува и руската “Семејни тајни”, претходно емитувана на Нова и локалните како “Семејни вредности”.

“Неправда” под ново име “Девојчето невеста” е серија која во Турција се појави во 2013 година и ја потресе модерно ориентираната турска јавност која ја осуди идејата за договорени бракови на деца. Дали е можно во денешно време да се мажат мали девојчиња за мажи кои не ги познаваат, дали Турција треба да го дозволува ова – прашуваше критиката, прашуваа гледачите.

Дете заробено во една страшна традиција, дете кое трпи клоци и шлаканици од сите, дете без детство, дете кое на 13 години стана невеста и мајка во семејство кое не го познава. Дали е праведно традицијата да биде над сите други животни вредности? Дали е праведно на 13 години да живееш живот на ворасен и да ја жртвуваш целата своја иднина?

Приказната за Зехра паралелно со Турција ја емитуваше Канал 5 телевизија, а сега, години подоцна, и телевизија Алфа. Наместо нови и премиерни серии, Алфа репризира веќе прикажани серии на други национални телевизии.

| ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Денес не смее, но порано и во турските серии имало „скокотливи“ сцени

Ако во денешно време, Турската радиодифузна агенција забранува секаков вид на сцени во кои се …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!