Почетна / Серии / Теленовели / Оваа сезона ќе се емитува новата теленовела „Rosa Diamante“

Оваа сезона ќе се емитува новата теленовела „Rosa Diamante“

Наскоро … Она што се чекаше, она кое го баравте

Оваа година во Македонија започнува новата латиноамериканска хит новела – “Rosa Diamante” на Сител телевизија. Во продукција на гигантот Телемундо, серијата ги освои срцата на милиони гледачи во светот благодарение на нежната љубовна сторија и интригантните заплети кои ќе ве држат во неизвесност до самиот крај.

Класична приказна што ќе ве врати во времето минато со најголемите хероини од новелите, времето кога сите навивавме за среќата на Росалинда, сонувавме за љубовта на Есмералда, тежнеевме кон богатството на Фиорела, плачевме за маките на Есперанса. И токму сега на малите екрани се враќа серија која ќе не потсети дека животот е бајка, во кој принцот и принцезата мора да ги пребродат сите препреки за да бидат заедно и среќни.

Наскоро, очекувајте ја “Роса Дијаманте”, приказната за розовиот дијамант и девојката сираче која во светот на мрачните тајни и скриените вистини ќе ја пронајде вистинската љубов. Наскоро, повеќе информации за романтичната сага за Роса и Хосе Игнасио.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Видео | Како изгледа „Ла Усурпадора“ од денешен аспект

Вака изгледаше всушност “Злобница” – погледнете и насмејте се Сигурно многумина се сеќаваат на мексиканските …

Leave a Reply