Почетна / МК Сцена / Љубовта на Вучелиќ преточена во музичко дело

Љубовта на Вучелиќ преточена во музичко дело

 

Пејачот Роберт Вукелиќ ужива во љубовта со својата избраничка Даниела, а радоста која му ја дава неговата сопруга е неизмерен извор на инспирација за нови музички дела. Еве што изјави тој во пресрет на премиерата на новата видео кавер акустична верзија од „Ти си мојот сон“.

 

 

„Целата моја инспирација да работам со музиката е вистинска љубов и радост која ми ја дава Даниела, далечината не ни претставувала проблем на почетоците и сега знам колку двајцата се сакаме. Далечината само ја зајакна нашата љубов, човекот е посилен во таквите моменти“, изјави тој за ТВ Пакет и додаде дека неговото ново музичко дело е поклон за сите негови фанови.

„Благодарение на тие моменти и периоди, јас би сакал да ви ја подарам и мојата нова видео кавер акустична верзија од Ти си мојот сон. Музиката, текстот и продукцијата се дело на Ристо Апостолов – Водолија. Песната е отпеана во еден здив и верувам дека чувствата и мелодијата ќе ве понесат целосно во тие три минути. Уживајте“. 

 

 

 

 

 

Крис Манев | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Момците од „Либеро бенд“ најавуваат нова песна со видео запис

Интересен  и уникатен проект, составен од неколку поврзани песни и видеа, летово најавија момците од …