Почетна / Серии / Теленовели / Хрватска новела од понеделник во 19:15 часот на Алфа

Хрватска новела од понеделник во 19:15 часот на Алфа

Од понеделник, 10 септември, нова серија на Алфа телевизија. Во 19.15 часот, веднаш по централната политичка дебата следете ја новата хрватска теленовела “Дубровничка зора”, со реприза наредниот ден во 15 часот.

Приказна за една украдена љубов на двајца млади која ќе нè потсети на силата на една голема романса, сместена во почетокот на деведесетите во Дубровник, во време на војна и постојана опсада на градот. Во воздухот сè уште се чувствува напнатост и страв од неизвесноста која следи, а жителите на градот не се свесни за тоа што надвисува над градот. И токму тогаш, и токму таму, се раѓа љубов на прв поглед меѓу двајца млади.

Јудита е нежна и мирна девојка која не може да го претчувствува човечкото зло и воените стравови кои наскоро ќе го покријат нејзиниот град како темни облаци. Нејзината мајка, Марис е наследничка на стара благородничка дубровничка фамилија, која е мажена за Џиво Кнего, маркантен и исклучително способен дубровачки претприемач за кого воздивнуваат многу жени. Во нивната голема вила, живее и куќната помошничка Магдалена со нејзината ќерка Јана. Јана и Јудита се најдобри пријателки, но од мали нозе, Јана чувствува завист кон нејзината богата пријателка. Зависта ќе се засили кога двете ќе се вљубат во истиот човек, убавиот Маро Кесовија.


Маро е храбро, амбициозно и чесно момче. Живее со своите родители во мало местенце, каде се занимаваат со земјоделство. На процесијата “За крижен”, која се обележува со благослов на бродовите и палење свеќи, тој ќе ја здогледа убавата Јудита, од чија убавина останува магепсан. Преку своите импровизирани радио станици, Маро се обидува да ѝ влезе во трага на убавицата, но од друга страна, главна преокупација на Јана е да спречи повторна средба меѓу Маро и Јудита. Но, љубовта секогаш си го наоѓа својот пат до среќата, па така Маро и Јудита ќе успеат да се изборат за својата љубов и да доживеат прекрасни романтични моменти заедно. Двајца млади, кои војната ги претвора во храбри борци за правда и слобода ќе ја земат судбината во свои раце, докажувајќи дека се посилни од сè.

Улоги : Barbara Bilić, Boris Ler, Ines Bojanić, Alen Liverić, Ivana Horvat, Amar Bukvić​

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Фото | Саваш од „Животот е убав“, млад актер и згоден модел

Ова лето, гледачите на Сител телевизија секоја викенд ноќ уживаат во урнебесната турска комедија “Животот …