Почетна / Серии / Авантурите на новиот цртан херој „Таши“ за викенд на Сител

Авантурите на новиот цртан херој „Таши“ за викенд на Сител

На местото на “Калимеро”, на Сител телевизија секоја сабота и недела наутро ќе се емитува нова цртана серија. “Таши” е австралиска анимирана серија во 52 продолженија, снимена во 2014 и 2015 година, а базирана на книгите на Ана и Барбара Финберг за истоимениот лик, Таши.

Приказната ги следи авантурите на Таши и неговиот роднина, технолошкиот гениј Џек кој е испратен на гости кај Таши. Но, Џек не е ни свесен на почетокот што му подготвува Таши. Со помош на Лотус Блосом, кој може да комуницира со различни суштества, за Таши и Џек ниеден вулкан нема да биде превисок, ниеден змеј престрашен и ниедна борба непобедлива. Возбудливи и интересни авантури ги очекуваат вашите нови цртани ликови во сабота и недела во 10 часот наутро.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Дружете се со „Свеќичката Оги“ сабота и недела на ТВ 24

Викенд забава на 24ка со новиот анимиран лик Секоја сабота и недела наутро во 9.50 …