Почетна / Телевизија / ТВ Пакет со поддршка до Канал 5 и осуда на говорот на омраза

ТВ Пакет со поддршка до Канал 5 и осуда на говорот на омраза

ТВ Пакет со поддршка за телевизија Канал 5 која последниот период е мета на оркестирано изразување на говор на омраза. FB фан страната на Канал 5 ТВ подолг период е постојано место каде се пласира сериозен говор на омраза кој доаѓа од Бугарија. Но овие закани, омраза насочени спрема Македонците, Власите, Ромите ги надмина сите граници на толеранција. Во продолжение прочитајте ја целосната изјава на редакцијата на Канал 5 :

Нашата FB страна како и нашите најгледана политички и дебатни емисии “Само Вистина“ и „Само Интервју“ се под постојан таргет на бугарски националисти кои шират говор на и од омраза спрема наѓата држава , нација, идентитет но сограѓани.

Но ова денес што го добивме како одговор од оваа Бугарка ( доколку профилот е вистинит ) ги надминува сите граници на нашата досегашна толеранција.
Во неколку поста лицето пласира огромна количина на омраза спрема нашата Телевизија, но истовремено спрема нас Македонците и нашите идентитетски карактеристики, како и спрема нашите сограѓани Власите и Ромите.

Затоа БАРАМЕ, како медиум кој има силен импакт во нашето општество при што во гореспоменатите емисии овозможуваме гостување на гости од разни политички и општествени профили , надлежните институции во Македонија конечно да преземат соодветни правни но и дипломатски активности.
Канал 5 ТВ не сака да направи гео-блокирање на Бугарија со што ќе се оневозможи нивен пристап, но после ваков квантум на пласирана омраза размислуваме и за таков чекор.
Доколку надлежните институции а особено Министерството за надворешни работи не реагираат соодветно во најкус можен рок, ќе размислиме и за привремен прекин на нашите политички емисии.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ААВМУ ја осуди изјавата на Ковачевски во врска со медиумите

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги најостро ја осудува изјавата на претседателот на политичката …

error: Содржината е заштитена!