Според најновите информации објавени од дневниот весник ВРЕМЕ и некои
истражувања на самата телевизија А1, серијата 1001 Ноќ полека но сигурно
се обидува да ги сруши рекордите на Касандра и Жаде.

Касандра = прва најгледана серија во Македонија

Клон = втора најгледана серија кај нас
Двете споменати серии во Македонија важат за нешто најгледано во историјата
на телевизијата и скоро невозможно беше некој друг проект да допре до
нивните рекорди, но еве сега Шехерезад е многу блиску до тој чекор.
1001 Ноќ = засега зад петиците на двете најгледани серии во Македонија
"Додека трае Шехерезад улиците во Македонија се заледени"
Така нашите граѓани ја опишуваат ситуацијата со овој феномен, никој
не очекуваше дека турска серија кај нас може да успее како што може шпанска,
но ете тоа се случи.
Според ВРЕМЕ, многу од македонските бизнисмени сакале своите фирми да
ги крстат со некој синоним кој поврзува со оваа серија, а од централниот
регистар веќе добиле информација дека некој регистрирал компанија или
здружение под името "Бинјапи Холдинг", во серијата ова име го носи
фирмата каде што работи Шехерезад.
Од друга страна пак од истиот извор добиваме информација дека
истата серија го растури и фудбалот. Погледнете ја табелата на гледаноста
Шехерезад 36% Олимпик - Реал М. 3%
Шехерезад 35% Интер - Рубин Казан 2,9%
Шехерезад (реприза) 19,49% Арсенал - Челзи 8,6%
Шехерезад (реприза) 19,49% Манчестер С. - Челзи 8,6%
Ова докажува дека серијава не е гледана само од домаќинки кој немаат што
да прават дома, исто така и машката популација ја избра Шехерезад
пред еден фудбалски натпревар.



















































samo napred za BINBIR GECE!!
:)))